Руските државјани Едуард Владимирович Широков (45) и Владимир Николајевич Попов (36) се под истрага на црногорското Специјално јавно обвинителство, кое ги товари дека ја предводеле криминалната организација која подготвувала напади на 16 октомври пред зградата на Парламентот во Подгорица, пишува подгоричкиот весник „Побједа“.
Весникот наведува дека истрагата е проширена и на тројца српски државјани – Предраг Богиќевиќ, Немања Ристиќ и Милош Јовановиќ, па црногорските истражни органи во следните денови ќе побараат од српските власти нивно сослушување и евентууална нивна екстрадиција.
Во наредбата за измена и проширување на истрагата првпат конкретно се соопштува дека „еден член на криминалната организација од политичката структура на Демократскиот фронт“ требало по избивањето на немирите пред зградата на Парламентот во Подгорица „да продолжи со командување на лицата кои ни се судриле со полицијата“, наведува „Побједа“.