Црна Гора излезе од рецесијата

Од:

Црногорската централна банка вчера констатира дека Црна Гора конечно излезе од рецесија, во која западна во 2012 година, но економскиот раст е се уште бавен и и има потреба од забрзување, соопшти Радио-телевизија Црна Гора.

Централната банка очекува годинава земјата да има раст на бруто домашниот производ од околу 2,5 проценти.

Според нејзините прогнози, буџетскиот дефицит на земјата ќе биде понизок од минатогодишниот.

Според проценка на банката, финансискиот систем на земјата е стабилен, а нивото на системски ризик е умерен. Растечката неликвидност на реалниот сектор продолжува да биде главната слабост на економијата, додека состојбата во банкарскиот сектор е оценета како стабилна.

За да се забрза растот на црногорската економија, акцентот треба да се стави врз структурните реформи, кои ќе создадат услови за развој и стабилност, оцени Централната банка.

Би можело да ве интересира

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот

(ВИДЕО) Нови снимки: Полицијата обвинета дека лажела за фаќањето на убиецот од Цетиње

Катерина Ѓуровски