Црна Гора го затвори почесниот конзулат во Холандија

Од:

Црногорската влада одлучи да го затвори својот почесен конзулат во холандскиот град Мастрихт, објави црногорскиот весник „Побједа”.

Изворот потсетува дека Бен Вос, почесниот конзул на Црна Гора во Холандија во јули годинава беше уапсен под сомнение за перење пари и затајување даноци во вкупен износ од 5 милиони евра. По обелоденувањето на аферата, холандските медиуми јавуваа дека биле конфискувани 60 движни и недвижни објекти во сопственост на инвестициската компанија чиј директор беше Вос.

Одлуката за затворање на тоа дипломатско претставништво е донесена на вчерашната седница на Владата на Црна Гора.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба