Црна Гора го потпиша Протоколот за приклучување во НАТО

Од:

Црна Гора денеска во Брисел го потпиша протоколот за пристапување во НАТО, чија членка ќе стане откако ќе биде завршена постапката за ратификација во сите 28 земји-членки на Алијансата. Со ова, како што јави дописникот на МИА од Брисел се отвора патот на малата балканска земја да стане 29 трансатлантска земја што станува членка на Алијансата.
 
Во име на Црногорците, денешниот Протокол го потпиша премиерот Мило Ѓукановиќ, додека во име на земјите-членки на НАТО се потпишаа министрите за надворешни рбаоти на 28-те постојани членки. Официјалното членство на Црна Гора во Алијансата, реално се очекува да се случи во ова време наредната година, додека сите земји-членки не го ратификуваат договорот во своите парламенти.
 
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, нарекувајќи го овој ден „историски“ за членството на Црна Гора истакна дека е „јасен знак дека земјите на Алијансата продолжуваат да ја градат стабилноста и безбедноста на Западниот Балкан“. Овој потег, исто така, покажува дека „вратите на НАТО остануваат отворени“, додаде Столтенберг.
 
– Ова е историски ден за Црна Гора. Интеграцијата во НАТО и ЕУ нема алтернатива во нашата земја, а истата е показател дека се случува и дека ќе продолжи и за останатите земји од Балканот, истакна црногорскиот премиер Ѓукановиќ на денешната церемонија при потпишувањето на Протоколот за пристапување.
 
НАТО, како најголема воено-политичка организација на светот, од неговото основање во 1949 година, па досега се прошируваше шест пати и порасна од првичните 12 на 28 членки. Последниот круг на проширување беше во 2009 година, кога на Алијансата и се приклучија Хрватска и Албанија. Поради грчката блокада, Република Македонија уште од Самитот на НАТо во Букурешт во 2008 година очекува покана за членство во Алијансата.
 
Додека Алијансата се подготвува за самитот во Варшава во јули, кога ќе се усогласи голем одговор во вид на воено заздравување на НАТО како одговор на кризата во Украина и Русија и анексија на Крим во 2014 година.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба