Четиринаесет најдобри работнички во црногорската фирма за спортска опрема Цакан спорт, добија награда од директорот – ваучер за патување по Средоземното Море со луксузен брод, јавија црногорски медиуми.
Од 9. до 19. јануари тие ќе ги посетат Џенова, Барселона, Марсеј, Тунис, Сицилија, Рим, Венеција и Милано.
Сопственикот на фирмата Радомир Новаковиќ Цакан пред две години неколкумина вработени награди со автомобили.
– Сега не можев да им купам автомобили, но требаше да најдам начин како да им се заблагодарам на луѓето, благодарение на кои нашата компанија работи успешно и имаме позитивна атмосфера во секоја продавница, вели Новаковиќ.