Црн летен данок во Србија – четворица луѓе се удавија во еден ден, најмладата жртва има девет години

Од:

За само 24 часа, вчера и денес, во Србија четворица луѓе се удавија во бари и реки, а деветгодишно девојче е најмладата жртва, јавуваат медиумите.

Вчера попладне биле пријавени три несреќни случаи на реката Морава, во кои животите ги загубија 29-годишен и 42-годишен маж, додека во третиот случај се удави 35-годишна жена, мајка на три деца.

Нова трагедија се случи денеска, кога во плитката вода на една бара кај Кикинда, во Војводина, се удави деветгодишно девојче кое дошло на диво капалиште со други деца, без надзор од возрасни луѓе. Медиумите пренесуваат дека девојчето било со посебни потреби и дека одело во Училиштето за основно образование и воспитување на ученици со пречки во развојот „6 октомври“ во Кикинда.

Според официјалните податоци, 20 луѓе овој месец се удавиле во водите на српските реки и езера, а дури единаесет вакви несреќни случаи се забележани само во изминатата недела.

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски