Ципрас во среда во Брисел на вечерна средба со Јункер

Од:

Новиот грчки премиер Алексис Ципрас, в среда првпат откако го замени Андонис Самарас на чело на Владата на Грција, ќе го посети Брисел, каде ќе се сретне со челникот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, она што зачудува е објавата на портпаролот на Еврокомисијата, Маргаритис Схинас дека Ципрас ќе се сретне со Јункер во 21:30 часот, што се толкува како обид да се избегне медиумското внимание на оваа средба.

– Можам само да потврдам дека го чекаме премиерот на Грција овде во Европската комисија в среда на состанок во 21:30 часот. Има многу работи што се кажани викендов, но ЕК за почетна точка во дискусијата со Ципрас ќе ја земе неговата изјава од саботата, кога тој рече дека е апсолутно убеден дека ќе најде заедничко прифатливо решение за Грција и Европа во целост, за договор што нема да ја стави под прашање обврската на Грција да го исполни договорот со Европската централна банка и другите меѓународни кредитори. Затоа, очекуваме позитивен исход на овие разговори, истакна портпаролот на Јункер.

Доаѓањето на ултралевичарскиот премиер на Грција во посета на институциите на ЕУ во Брисел привлекува огромно внимание поради неговиот и ставот на неговата Влада дека е потребен нов договор со меѓународните кредитори, кои досега вбризгаа над 300 милијарди евра во грчката економија, откажување од мерките за штедење, па и можен излез на Грција од еврозоната, од Европската унија и од НАТО.

Би можело да ве интересира

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот