Ципрас повторно телефонски разговарал со Оланд и Меркел

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа повторно телефонски разговарал со лидерите на Франција и Германија, вторпат за три дена, со цел да се разгледа напредокот во преговорите меѓу Атина и нејзините кредитори.

Како што јави допсиникот на МИА од Атина, според владини извори, разговорот со францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Анела Меркел траел 35 минути и „поминал многу добро“. Договорено е дека договор со кредиторите мора да биде постигнат многу брзо.

Германската Влада соопшти дека разговорот бил конструктивен, без да открие други детали.

По разговорот, Ципрас имал двочасовен состанок со министерот за финансии Јанис Варуфакис, кој изјави дека е „оптимист во однос на скорашен договор со кредиторите“.

Некои грчки медиуми јавија дека грчкиот премиер денеска би можел да им се придружи на Оланд, Меркел и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, во Берлин.

Германската страна оваа информација не ја потврди, додека Атина остана без коментар.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија