Ципрас не прифаќа ултиматуми и уцени

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска во Брисел изјави дека отфрла „ултиматуми и уцени“ во Европската унија.

Неговата изјава уследи по притисокот од кредиторите да прифати договор за да се избегне банкрот на Грција.

– Европските принципи не се засноваат на ултиматуми и уцени. Посебно во овие исклучително важни часови никој нема право да ги поставува во опасност тие принципи, изјави Ципрас.

Претходно, германската канцеларка Ангела Меркел го повика Ципрас да ја прифати дарежливата понуда од кредиторите потенцирајќи дека сега Атина е на ред да направи чекор.

Во документите од преговорите се наведува дека европските кредитиори и предлагаат на Грција 12 милијарди евра помош до крајот на ноември, под услов Атина да се согласи за серија реформи и буџетски мерки.

Европските кредитори предлагаат продолжување на преговорите за програмата за спас од банкрот за пет месеци и се подготвени да и доделат уште 12 милијарди евра на Грција, која ќе добие уште 3,5 милијарди евра од Меѓународниот монетарен фонд.

Кредиторите се подготвени да и дадат на Атина 1,8 милијарди евра веднаш откако грчкиот Парламент ќе го верификува договорот.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија