Ципрас: Не можеш да бараш солидарност од ЕУ, а да не покажуваш солидарност на островите

Од:

Не може да бараш солидарност и поддршка од земјите од ЕУ и да се однесуваш без солидарност и поддршка на островите на грчката територија, вели лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во изјавата за последните случувања на Лезбос и Хиос, како и за владината политика во мигрантското/ бегалското прашање.

Ципрас го повикува премиерот Кирјакос Мицотакис, „дури и во последен момент да ја промени рутата“ и да го отповика законскиот акт затворените центри, да ги повлече специјалните полициски единици од островите и да ги прекине градежните работи за „изградба на затвори“.

-До степен до кој Мицотакис ќе го напушти безизлезниот избор на авторитаризам и насилство, СИРИЗА, како одговорна опозиција е подготвена да поддржи создавање и спроведување на националниот план за управување со бегалската и мигрантската криза. Со дијалог со локалните заедници, за да ги растеретиме нашите острови. Но, ако инсистира на безизлезни и авторитарни избор, ние нема да имаме друг избор, освен да сме наспроти владата, а заедно со нашите сограѓани на островите кои со право се борат и се спротивставуваат. Бидејќи не можеш да бараш солидарност и поддршка од земјите од ЕУ и да се однесуваш без солидарност и поддршка на островите на грчката територија, рече Ципрас.

Би можело да ве интересира

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он