Ципрас: Мора да изнајдеме заедничко ерга-омнес решение за името

Од:

Мора да се изнајде заедничко ерга-омнес решение за името, па поради тоа планираме да ги засилиме преговорите во ОН за да се изнајде решение за името, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас по средбата со македонскиот премиер, Зоран Заев денеска во Давос.

Тој изјави дека мора да се пронајде решение за сите прашање, за да може Македонија да продолжи во интеграциите кон ЕУ и НАТО.

– Балканот помина низ многу поради национализмот и тензиите. Нам ни треба агенда на соработка и развој, за европската перспектива на Западниот Балкан да зајакне. Многу луѓе од двете земји не гледаат. Некои со скептицизам и загриженост, некои со надеж. И јас и премиерот Заев сакаме да ги надминиме разликите со прагматизам и чувство за одговорност, изјави Ципрас.

Тој додаде дека не сакаме само решение на проблемот со имету, туку развивање на нашите билатерални односи на цврсти темели, базирани на почит и доверба.

– Тоа значи дека мора да се бориме против иридентизмот. Зоран (Заев) ме информираше дека се подготвени на важни иницијативи во оваа насока. И ние од нашата страна сме подготвени да поддржиме процедури, кои нашта влада ги блокираше. Под тоа мислам на кандидатурата на нашата соседска земја за Јадранско-јонската иницијатива и на ратификацијата на втората фаза од Договорот за асоцијација со ЕУ во грчкиот Парламент, рече Ципрас.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он