Ципрас ја прифати оставката на Коѕијас и го презеде МНР

Од:

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ја прифати оставката на министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас, се вели во соопштението објавено од неговата канцеларија кое го објави грчки „Катимерини“.

Премиерот му се заблагодари на Коцијас за неговиот придонес кон Владата и земјата во изминатите 3,5 години, се додава во соопштението.

Во соопштението исто така се посочува дека сега премиерот Ципрас ќе го преземе Министерството за надворешни работи со цел да може во целост да се заврши спроведувањето договор за името потпишан од страна на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција.

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, поднесе оставка еден ден по тензичниот состанок во кој се судри со министерот за одбрана, Панос Каменос, поради договорот од Преспа, објави „Катимерини“.

Извори за грчкиот весник „Катимерини“ тврдат дека Коѕијас бил незадоволен поради тоа што премиерот Алексис Ципрас не го поддржал во нападите против него упатени од Каменос, кој е исто така коалициски партнер.

Според истите извори, за време на состанокот што бил одржан вчера Каменос го обвинил Коѕијас за лошо менаџирање на одредени тајни фондови во Министерството и дека бил човек на американскиот билионер Џорџ Сорос.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он