Ципрас бара петстрана средба со Меркел, Оланд, Драги и Јункер

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас побарал петстрана средба со францускиот претседател Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Европската централна банка Марио Драги и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, што ќе се одржи пред закажаниот за четврток самит на ЕУ во Брисел.

Ципрас побарал таква средба во телефонски разговор со претседателот на Европскиот соцет Доналд Туск.

Грчкиот премиер доби покана да го посети Берлин и да се сретне со германскиот канцелар на 23 март неколку дена по самитот на ЕУ, на кој се очекува да биде изнесен проблемот на земјата.

Поканата на германскиот канцелар е од големо значење, бидејќи постојат групи во Берлин и Атина што веруваат дека проблемите во односите на грчката влада со Европа и Берлин може да бидат надминати единствено на највисоко ниво, пишува грчката страница „њуз.ин“.

Ципрас ќе замине и во посета на Москва на 8 април на средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Би можело да ве интересира

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција