Чучи: Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан од посебно значење

Од:

Албанскиот министер за внатрешни работи Бледи Чучи на првиот ден од Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан во Тирана, со фокус на внатрешните работи и безбедносните прашања рече дека овој форум има посебно значење поради “радикалната промена на глобалното безбедносно опкружување, осврнувајќи се на руската агресија во Украина”.

Исто така додаде дека Западен Балкан дал и продолжува да го дава својот придонес за безбедноста на земјите од ЕУ, особено во контекст на илегалната миграција или борбата против организираниот криминал.

Осврнувајќи се на конфликтот во Украина, Чучи истакна дека Албанија уште од првиот момент на овој конфликт стои на страната на правдата, осудувајќи го овој сериозен чин.

– Војната, покрај суровоста и бруталноста, носи и големи последици за стабилноста и безбедноста на европските земји и пошироко. Затоа, политиката на проширување е суштинска за иднината на земјите кои претендираат да бидат дел од ЕУ, како во случајот со земјите од Западен Балкан. Нашите земји ја продолжуваат соработката на регионално ниво, вклучително и на полето на безбедноста во рамките на “Отворен Балкан” или Берлинскиот процес. Оваа соработка веќе ја зголеми меѓусебната доверба со значително подобрување на нашиот начин на работа, рече Чучи.

Осврнувајќи се на последниот Извештај за напредокот на ЕУ, Чучи кажа дека Албанија напредува кон зајакнување на владеењето на правото со важни реформи во правосудниот систем, борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Во однос на миграцијата, според него, правната основа на Албанија е главно усогласена со онаа на ЕУ.

– Албанија даде и дава суштински придонес во справувањето со миграциските текови кои транзитираат кон нашата земја од Африка и Блискиот Исток, а крајната дестинација е Европската Унија. Во овој дел сакам да го истакнам и фактот дека нашата соработка со ФРОНТЕКС е успешна приказна, иако се уште не сме членка на ЕУ, посочи тој.

Дискусијата се одвива во две сесии на теми „Соработка во справувањето со безбедносното влијание од руската воена агресија против Украина“ и „Зајакнување на миграцијата, азилот и управувањето со границите“.

На форумот, покрај чешкиот министер за внатрешни работи, Вит Ракушан и еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, учествуваат и министрите за внатрешни работи на Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, високи претставници на ЕУРОПОЛ, ФРОНТЕКС, координаторот на ЕУ за борба против тероризмот, како и претставници на Шведска и Шпанија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

ЕУ одобри 1,2 милијарди евра за инфраструктура во Западен Балкан

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ