Чомски: Судбината на Балканот ќе зависи од судирот меѓу Русија и Западот

Од:

НИН – Белград

Познатиот светски антиглобалист Ноам Чомски оцени дека судбината на балканските земји ќе зависи од исходот на судирот на Русија и Западот, како и од опстанокот на Европската унија.

Чомски, во интервјуто за јубилејното издание на весникот Нин, наведе дека двете страни во украинскиот судир се свесни за опасностите на понатамошната ескалација и изрази надеж дека ќе најдат начини да ги намалат тензиите.

Прашан како ја гледа иднината на ЕУ, тој одговори: Европскиот проект секако се наоѓа во опасност, но има и одредени доблести на чие благодарение ќе може и да ја надмине моменталната криза која тлее.

Професор на Институт за технологија во Мачасутест оцени дека неолибералната политика за штедење во текот на рецесијата, која ја спроведува Германија и финансиските институции, дава катастрофални резултати, посебно во помалку развиените земји.

Според неговите зборови, губењето на вербата во главните политички партии и во самата ЕУ не е изненадување.

Левичарските партии во Грција и Шпанија, Сириза и Подемос, се блиску до стекнување на конкретна политичка моќ, а нивната политика се темели на спротивставување на неолибералната офанзива, која всушност е облик на звучна класна војна која ја води крупниот капитал – рече Чомски.

На прашањето дали смета дека Балканот ќе влезе во ЕУ, тој одговори:
– Не се знае ни дали ЕУ ќе опстане, а резултатот од моменталниот конфликт меѓу Русија и Западот е еднакво предвидлив. Судбината на Балканот ќе зависи токму од развојот на овие неизвесни настани.

Зборувајќи за американската војна против Исламската држава ИД, Чомски оцени дека политиката на Вашингтон кон таа екстремистичка група е некохерентна.

Тој забележа дека главните сили кои се противат на ИД се Иран, Сирија и Курдите блиски на Работничката партија на Курдистан, а кои САД ги сметаат за непријатели.

Би можело да ве интересира

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

A1on