Чолаку: Во Брисел не се зборуваше за попуштање од страна на Приштина

Од:

Советникот на косовскиот премиер Хашим Тачи, Беким Чолаку, за денешниот број на весникот „Коха Диторе“ изјави дека добил уверувања оти високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон за време на состаноците со највисоките претставници на Србија на 11 март во ниту еден момент не изјавила дека Косово попуштило во однос на кое било прашање.

– Во текот на денот лично контактирав со Фернандо Џентилини, кој учествуваше на сите состаноци во процесот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, и тој ми потврди дека Кетрин Ештон за време на средбите во ниту еден момент не изјавила дека косовската страна попуштила по некое прашање, како што тврдеше српскиот претседател Николиќ по состанокот, изјави Чолаку за „Коха диторе“.

Според него, мандатот на Ештон во процесот на преговорите е да го олесни дијалогот и таа нема право да зборува ниту во името на делегацијата на Србија, ниту на Косово.

Косовскиот премиер Тачи на седницата на Собранието на Косово зборувајќи за последната средба со српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека очекува во текот на денот да добие официјално објаснување од Брисел во однос на изјавата на Николиќ.

Тачи, исто така, истакна дека сите кои имаат нејаснотии во однос на дијалогот може за тоа да се информираат од Кетрин Ештон, која е гарант на договорот и во текот на оваа недела ќе ја посети Приштина.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина