Членовите на Златна зора со правни тактики го одолговлекуваат судскиот процес против нив

Од:

Пратениците и членовите на Златна зора користат правни тактики за да ја одолговлекуваат кривичната истрага за неофашистичката партија и да го одложат почетокот на судењето планирано за месец ноември, со цел осомничените да бидат ослободени од истражниот притвор пред судиите да одлучат за нивната судбина, пишува „Катимерини“.

Од околу 30 пратеници и членови на партијата кои се во истражен притвор во врска со повеќе кривични дела, вклучувајќи го и убиството на раперот Павлос Фисас, повеќе од 10 поднеле барање за условно ослободување.

Затворениците имаат право да поднесат такви жалби, но фактот дека голем број од нив го направиле тоа во исто време сугерира дека целта е да се опструираат судиите да ја завршат истрагата, пишува „Катимерини“.

Ако судењето се одложи за после ноември, многумина од осомничените можат да бидат ослободени, затоа што веќе ќе имаат поминато максимум 18 месеци во истражен притвор, пред завршување на судењето.

Друга опструктивни тактика која ја користат осомничените е што предлагаат нови сведоци кои судиите треба да ги испитаат.

Според извори на весникот, од двајца судии кои ја водат истрагата, Јоана Клапа и Марија Димитропулу, било побарано да испрашаат најмалку 13 нови сведоци. Иако тактиките на осомничените јасно се злоупотребуваат, според судски извори, законот е на нивна страна.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија