Чистка во српското МВР

Од:

Заменик началникот на крим-полицијата на Србија, Богдан Пушиќ наскоро ќе биде сменет од функцијата, а потоа сослушан и процесуиран поради многубројните афери за кои е осомничен, пренесува „Курир“.

Пушиќ кој што воедно е и шеф на Работната група на УКП за истражување на спорни приватизации ќе биде променет, поради тоа што е „актер“ на многу афери кои со години ја тресат полицијата, за кои што медиумот со недели пишува.

Постои можност Пушиќ да биде сослушан и процесуиран поради сомнеж дека учествувал во разни кривични дела, наведува српскиот „Курир“ според информациите од МВР.

Медиумот пишуваше дека Пушиќ го спречи апсењето на тајкунот Петар Матијевиќ, сопственикот на ИМ „Матијевиќ“ и дека од рацете на законот штител повеќе влијателни демократи, вклучувајќи ги и Бојан Пајтиќ и Душан Елезовиќ, инаку соработници на неговата сопруга Гордана, како и неа самата.

Тој во кривичната пријава е обвинет дека е вмешан во рекет на сопственикот на компанијата „МБ Родиќ“, а се обидел да изнуди пари и од Миодраг Костиќ сопственик на „МК комерц“ и Бошко Вуков, сопственик на фирмите „Метро маркет “ и „ Фото –колор 12“.

Заменик началникот на крим-полицијата е предмет на внатрешната истрага во МВР, против него има дури четири предмети од кои еден со ознака строго доверливо.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ