„ЧЕЗ“ по Албанија можеби ја губи и Бугарија

Од:

Бугарските власти покренаа контрола во тамошната електродистрибутивна компанија, која е во сопственост на чешкиот „ЧЕЗ“. Доколку бидат пронајдени неправилности во работата на компанијата, можно е да и биде одземена лиценцата на „ЧЕЗ“, јавуваат бугарските медиуми.

„ЧЕЗ“ негира дека имало неправилности во работата и ја критикува политизацијата на целиот проблем. Чешката компанија во јануари ја загуби лиценцата за дистрибуција на електрична енергија во Албанија.

Слични контроли се спроведуваат и во дистрибутивното претпријатие во сопственост на чешката фирма „Енерго-Про“ и „австриската ЕВН“. Сите три дистрибутери се на удар на критикита поради високите јануарски сметки за струја, против кои илјадници Бугари протестираа изминатите денови.

– Доколку се покаже дека дистрибутерите работеле спротивно на условите во лиценцата, ќе се покрене процес за одезмање на истите, изјави министерот за правда и енергетика Дељан Добрев.

Тој истовремено ја исклучи можноста Владата да ги национализира дистрибутивните претпријатија, што беше споменувано изминатите денови.

Добрев додаде дека за покренување на процесот за одземање на лиценца на „ЧЕЗ“, треба да се одлучи следните денови. Во дистрибутивните компании „Енерго-Про“ и „ЕВН“ контролата почна дури денеска и за можното одземање на лиценцата би се одлучувало за 20 дена. Самиот процес на одземање на лиценцата би траел околу еден месец.

Протестите во Бугарија против дистрибутерите траат повеќе од една недела во целата земја. Граѓаните се незадоволни поради тоа што во јануарските сметки ставките за сервис и дистрибуција биле за околу 120 отсто повисоко, отколку ставките за потрошена струја. Демонстрантите бараат национализација на дистрибутивните мрежи, а некои поради цената на струјата бараат и оставка на Владата.

„ЧЕЗ“ во Бугарија влезе во 2005 година, со купување на мнозинскиот пакет во три дистрибутивни компании, кои се споија во една. Освен тоа „ЧЕЗ“ е сопственик на термоелектраната во Варна и соларната електрана Орешац.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски