Четворица обвинети за силување 11-годишно девојче во Приштина добија 40 години затвор

Од:

Основниот суд во Приштина денеска осуди четворица обвинети, од кои тројца малолетни, на 40 години затвор за силување на 11-годишно девојче во Приштина, дело кое е извршено во август 2022 година, пренесува Бета.

Обвинетиот Е.Р за кривично дело силување е осуден на затворска казна од 15 години во која е вклучено и времето поминато во притвор.

Судот на вториот, малолетниот Џ.С, кој се изјаснил за виновен за кривичните дела силување и злоупотреба на деца во порнографија го осуди на осум години затвор за малолетници.

За силување, злоупотреба на деца во порнографија и помагање во извршување на кривичното дело силување, на девет години затвор е осуден малолетникот Г.Р.

Малолетникот Г.Ј. е прогласен за виновен за силување и злоупотреба на деца во порнографија и осуден на осум години затвор за малолетници.

Обвинетиот Ш.К. е ослободен од кривично дело сексуални услуги на жртва на трговија со луѓе.

Во соопштението судот посочи дека не утврдил дека девојчето е жртва на кривично дело трговија со луѓе.

Би можело да ве интересира

15-годишно момче од Гостивар силувало петгодишно девојче

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски