Четири лица загинаа во поплавите во Романија

Од:

Најмалку четири лица го загубија животот, а стотици се евакуирани поради силните поплави предизвикани од поројните дождови на југоистокот на Романија, изјави денеска романскиот министер за внатрешни работи Габриел Опреа.

– Без оглед на сите напори на спасувачите, поплавите го однесоа животот на четворица граѓани, рече тој, наведувајќи оти има и граѓани кои се водат како исчезнати.

Меѓу жртвите е и едно 13-годишно дете кое се обидело со чамец заедно со возрасните да се спаси од надојдените води.

Најголема штета е предизвикана на истокот на Романија во Олта и Прахова, градо Бурзау и округот Телеорман, а 86 населби во текот на последните 24 часа се евакуирани.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година