Четири дена нема трага од малата Данка

Од:

Потрагата по девојчето Данко Илиќ (2) од Бор, кое исчезна во вторникот во 13.45 часот во населбата Бањско Поле, влезе во четвртиот ден, а се уште нема јасни информации за судбината на детето.

Малата Данка во моментот на нејзиното исчезнување носела виолетови панталони и јакна во зелена маслинесто боја.

Во близина на куќата каде последен пат била видена Данка, откриена е дупка која е поврзана со канал долг десет километри кој води до локален рудник. На лице место има тешка механизација која го расчистува теренот.

Полицијата вчера изврши информативен разговор со родителите на девојчето, Милош и Иван. Родителите на девојчето со часови биле во полициска станица, а засега нема нови информации за судбината на малата Данка.

Припадниците на МВР, по 27 часа детален претрес на просторот во приградската населба Бањско Поле и Брестовачка бања, ја прекинаа натамошната потрага со оглед дека сите резултати укажуваа дека девојчето не е на овој простор од околу 10 квадратни километри. Како што соопшти полицијата, работата за пронаоѓање на девојчето е интензивирана и нема да запре додека не се најде детето.

Поради исчезнувањето на Данка Илиќ, во Србија за првпат е активиран системот популарно наречен „Amber alert“, официјално наречен „Најди ме“, кој итно ја информира јавноста за исчезнување на дете.

Би можело да ве интересира

Таткото на осомничениот за убиството на Данка вели: Мојот син е наместен

Осомничениот за убиството на Данка тврди: „Не ја убив, не ја ни видов“

Горан Наумовски

Еден од осомничените за убиството на Данка го прекинува молкот

Осомничените за убиството на Данка Илиќ по психијатриско вештачење се вратија во притвор

Почина мајката на осомничениот за убиството на малата Данка

Двајца нови сведоци ќе сведочат за исчезнувањето на малата Данка