Челик: Вознемирувачки коментари од страна на австрискиот канцелар

Од:

Турскиот министер, Омер Челик, кој е задолжен за прашањата за ЕУ изјави денеска дека коментарите на австрискиот канцелар, кој сугерира дека треба да се окончаат преговорите со Анкара за влаз во Унијата, се „вознемирувачки блиски до реториката на крајната десница“. 

Австрискиот канцелар Кристијан Керн повеќе не смета дека Турција е кандидат за членство во ЕУ. Порача дека мора да се прифати реалноста, а тоа е дека пристапните преговори со Турција во моментов се само фикција. 

Челик истакна дека е „вознемирувачки тоа што овие изјави се слични на оние кои доаѓаат од крајната десница“. 

– Критиката со сигурност е демократско право, но мора да се прави разлика меѓу тоа кога некој ја критикува Турција и кога е против неа, нагласи тој. 

Истовремено, министерот за обрана на Австрија Ханс Петер Доскоцил отворено побара итна суспензија на пристапните преговори на ЕУ со Турција.

– Се укажува на воспоставување на диктатура, а таква држава во ЕУ нема што да бара, истакна Доскоцил. 

Според неговите зборови, дојден е моментот кога преговорите треба да се прекинат, односно целосно да се суспендираат.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ