Чедомир Јовановиќ: Косово е наш сосед

Од:

Претседателот на Либерално демократската партија, Чедомир Јовановиќ денес изјави дека се залага за постигнување договор со Приштина, бидејќи со тоа ќе се овозможи долгорочен мир во регионот, а на Српската напредна партија и порача дека треба да и биде поважен редот во државата од оној во партијата.

Јовановиќ по состанокот со премиерот Ивица Дачиќ за дијалогот помеѓу Белград и Приштина изјави дека од СНП очекува да размислат за иднината и ја преземат тежината на проблемот кој го прати нивното политичко дејствување и додаде дека Косово денес е соседна држава и дека тоа е реалноста.

-Не сум среќен поради тоа, но така велам бидејќи не сакам ново Косово внатре во Србија –истакна тој.

Тој на власта и порача да го преземе товарот на одговорноста и доколку треба да ги изгубат своите функции.

Лидерот на ЛДП, нагласи дека нема разбирање ни за претседателот Николиќ, бидејќи знаел за проблемите кои го очекуваат уште од времето кога е избран, ниту за соопштението на Српската православна црква на која и порача дека својот став не можела да го потпише во име на своите верници.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ