Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска на стратешкиот форум на Блед изјави дека Турците се загрижени поради двојните стандарди што Европска унија ги применува на нивната земја по неуспешниот обид за воен удар и вршат притисок врз Владата да ги прекине пристапните преговори со ЕУ.
Тој ја обвини ЕУ дека ги критикува соседите, а самата не ги прифаќа.
– Турците се разочарани што нема посети или соопштенија во знак на поддршка по обидот за пуч во јули. Турскиот народ гледа двојни стандарди. Ние сме под огромен притисок да ги прекинеме преговорите, посочи Чавушоглу.