Чавушоглу: Турција нема за цел освојување на територии во Сирија

Од:

Цел на турската операција „Маслиново гранче“ во Африн не е освојување на територии во Сирија, туку ликвидација на терористите во тој регион, изјави денеска шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Независно од тоа дали станува збор за источна или западна Сирија, ние активно ја поддржуваме сириската територијална целовитост, изјави Чавушоглу.

Тој нагласи дека Турција до сега во неколку наврати јасно укажувала дека сите држави треба да го почитуваат територијалниот интегритет на Сирија.

Изјавата на Чавушоглу следува откако претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека турската армија и нејзините сојузници меѓу сириските бунтовници до вечерва ќе преземат целосна контрола врз градот Африн во северозападна Сирија.

Ердоган, во обраќање пред членовите на локланмата администарција во Анкара, нагласи и дека е воспоставен специјален коридор за евакуција на цивилното население од Африн.

Турската армија вчера соопшти дека нејзините сили и нивните сојузници од бунтовничката Сириска слободна армија целосно го опколиле Африн.

Хуманитарни организации информираа дека последниве денови е регистиран зголемен прилив на бегалци од Африн кон селата Нобул и Захра, кои се под контола на сириските владини сили. Според истите извори, во овие две села пристигнале над 20.000 лица.

Турската армија заедно со сириските бунтовнички групи што ја имаат поддршката на Анкара, на 20 јануари почна воена оперцијата против Силите за заштита на народот на сириските Курди во реонот на Африн. Цел на операцијата, нарчена „Маслиново гранче“, според Анкара е потиснување на борците на Силите за заштита на народот од реоните долж сириската граница кон Турција.

Анкара ги смета Силите за заштита на народот за сириски огранок на сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК), која од 90-те години на минатиот век се бори за автиномија на Курдите во Турција. ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ.

Според сириски владини извори, од почетокот на турската оепрација во Африн загинале 222 лица, а над 700 се ранети.

Во меѓу време, сириските власти соопштија дека турски авиони денеска нападнале пункт на провладина шиитска милитантна група меѓу Нобул и Захра. Според истиот, извор при нападот се ранети две лица.

Сирискиот центар за мониторнг на човековите права пак соопшти дека при денешните воздушни нападио на турските сили во реонот на АФрин загинале десетмина припадници на сириските провладини сили.

Сириските државни медиуми јавија дека при напади на турски авиони врз села населани со Курди во реопнот на Африн, загинале деветмина цивили.

Како одговор турските воздушни напади, сириските провладини сили соопштија дека извршиле артилериско гранатирање врз позиции на вооружените сили на Турција во реонот на градот Мареа северно од Алепо во северна Сирија.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Израел ја бомбардираше Сирија, има загинати и повредени

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

22 мртви во нови напади во Сирија, град во близина на Дамаск отсечен од светот