Чавушоглу: Турција е одлучна да го спречи дејствувањето на ПКК во странство

Од:

Турција е одлучна во намерите да го спречи дејствувањето на Курдската работничка партија (ПКК) во странство, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

– Турција ќе продолжи да ги презема потребните чекори за да го спречи дејствувањето на ПКК надвор од земјата и да ги изведе пред суд членовите на групацијата, рече синоќа Чавушоглу.

Тој посочи дека изминатиот период беа преземени серија операции во странство, кои доведоа до апсења на членовите на ПКК во Германија, Белгија и Франција и додаде дека ЕУ има исто така важна улога во операциите против ПКК во Европа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски