Чавушоглу: Го продолжуваме дијалогот со сите страни во Авганистан, вклучително и со талибанците

Од:

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција го продолжува дијалогот со сите страни во Авганистан, вклучително и со талибанците, јави Анадолија.

Наведувајќи дека во Кабул има вакуум откако авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја напушти земјата, Чавушоглу рече дека со ваквиот развој на настаните, талибанците влегле во Кабул и де факто ја презеле администрацијата на земјата.

– Ние го одржуваме нашиот дијалог со сите страни, вклучително и со талибанците. Исто така, важните личности како што се Абдулах Абдулах и Хамид Карзаи, кои преговараа претходно, сè уште се во Кабул и прават подготовки за разговори со талибанците, рече Чавушоглу на заедничка прес-конференција со својот јордански колега, Ејмен ес-Сафеди

Нагласувајќи дека ја цени улогата на Катар во овие иницијативи, Чавушоглу рече: Во моментов, земјата треба да се смири. Би сакале да кажеме дека позитивно ги прифаќаме пораките дадени од талибанците досега. Тие се наменети за странците, дипломатските претставништва и нивните луѓе. Се надевам дека ова ќе го видиме и во пракса. Ние, како Турција, ќе продолжиме да го поддржуваме економскиот развој, стабилноста и мирот на братски Авганистан, порача Чавушоглу од Јордан.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски