Чавушоглу: ЕУ треба да ја зајакне контролата на границите

Од:

Европската унија треба да ја зајакне контролата на границите, со цел да се спречи патување на странски џихадисти за Сирија преку Турција, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

– Сите се согласни дека е неопходна соработка на разузнавачките служби и соодветно подобра соработка во борбата против странските џихадисти. Во тој поглед соработуваме добро со САД и некои земји членки на ЕУ. Со голем број земји сепак имаме само рутинска соработка во таа област, изјави вчера Чавушоглу.

Како што објави турскиот весник „Хуриет дејли њуз“, Чавушоглу нагласи дека на средбата на меѓународната коалиција против радикалната група Исламска држава, одржана на 22 јануари во Лондон го изнел ставот дека има недоволно ефикасна соработка со голем број земји во борбата против странските џихадисти, како и дека недостига стратегија за спречување на патувањата на џихадисти од Европа за Сирија.

Турскиот министер за надворешни работи изјави дека едноставно соработката на разузнавачките служби не е доволна, додавајќи дека има случаи кога странски борци кои се депортирани од Турција потоа повторно се јавуваат на турска граница.

Чавушоглу, истовремено, упати отворена критика кон голем број земји дека не преземаат одговорност за кризата во Сирија.

– За жал голем број земји не преземаат одговорност, ниту во борбата против тероризмот, ниту за постигнување на политичко решение за Сирија, нагласи турскиот министер.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво

Референдум во Молдавија: Над 50 отсто од граѓаните рекле не за влез во ЕУ

А1он

Мицкоски е оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес