Потрагата по исчезнатата Данкa Илиќ (2) од Бор влезе во седми ден, а најновата трага која се анализира и проверува е видеото од Виена на кое се гледа девојче кое личи на Данка. Виенската полиција веднаш покрена истрага, а сега се чека проверката за да покаже кое е детето од видеото.
Австриската полиција почна да ја бара Данка, а српската полиција на Европол му ги доставила сите податоци и самото видео кое го снимил Србин кој живее во Виена.
Криминалистичката служба на покраината Виена објаснила како случаен минувач забележал девојче кое личи на Данка, а било заедно со две жени. Интерпол веќе распишал Жолта потерница по девојчето.
– Српски државјанин кој живее во Виена, според неговите сопствени изјави, на 30 март околу 20 часот на трамвајска постојка во центарот на градот видел девојче во придружба на две жени. Детето многу му личело на исчезнатата Данка. Тој стапил во контакт со српските власти, кои се обратиле до виенската полиција со барање за истрага – изјавиле од виенската полиција.
Тие го сослушале сведокот и направиле видео снимка, а српската амбасада во Виена апелира до граѓаните доколку го препознаат девојчето веднаш да ја известат српската или австриската полиција.
Српската новинарка Вера Марјановиќ откри дека целата јавност во Австрија е запознаена со случајот со исчезнатата Данка Илиќ (2) од Бор, по која се трага веќе седум дена.
Таа посочува дека медиумите во оваа земја пишуваат дека девојчето од видеото било многу вознемирено, дека врескало кога Романките и кажале нешто и дека единственото нешто што го обвинуваат човекот што го направил видеото е тоа што веднаш не ја алармирал полицијата.