Бутарис: Солунскиот аеродром „Македонија“ може да се преименува во „Никос Галис“

Од:

Грција треба да размисли за преименување на солунскиот аеродром „Македонија“, изјави градоначалникот на градот, Јанис Бутарис, за локалната „ТВ Скај“, пренесе „БГНЕС“.

„Не велам дека треба да се промени името, но јавно го начнувам ова прашање за да размислиме, бидејќи името „Македонија“ го подели целиот свет, а нѐ подели и нас самите. Од тоа губиме сите“, истакна Бутарис.

Според него, аеродромот може да го носи името на познатиот грчки кошаркар Никос Галис, кој е единствената глобално призната грчка личност, влезена и на „Булеварот на славните“. Бутарис како дополнителна причина за промена на името на аеродромот посочи и дека патниците се збунети, бидејќи кога се приземјуваат на аеродромот во Солун сметаат дека доаѓаат во Македонија.

Бутарис ги дефинира како нереални стравовите во Грција од Македонија, бидејќи, според него, проблемот не е Скопје, туку Анкара и сè поголемото турско влијание во регионот.

„Денес има реална можност од решавање на проблемот. Секое негово одложување ќе и наштети на Грција. Подобро е да добиеме 50 отсто од нешто, отколку 100 отсто од ништо. Ја загубивме битката во судот во Хаг, не можеме да го задржуваме повеќе НАТО ветото“, рече Бутарис.

БГНЕС потсетува дека градоначалникот на Солун категорично го осуди националистичкиот собир во Солун на 4-ти февруари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он