Бусек: Пропуштена е шансата на маса да се најде поделбата на Косово

Од:

Австрискиот политичар Ерхард Бусек смета дека дијалогот меѓу Белград и Приштина мора да се продолжи, бидејќи не постои поинаков начин за решавање на прашањето на Косово, оценувајќи дека е пропуштена шансата со поделбата на Косово да се дојде до решение на проблемот.

-Не мислам дека е ова крај на дијалогот. Тој мора да продолжи, бидејќи не постои поинаков модус за решавање на односите меѓу Белград и Приштина. Овој застој настана бидејќи и едната и втората страна мораат да го подготват своето јавно мислење на договорите што ќе ги донесат од Брисел, рече Бусек за „Новости“.

Бусек смета дека вклучувањето на „нови играчи“ во дијалогот-Германија, Русија и САД, нема ништо да промени, бидејќи Србите и Албанците се тие кои треба да пронајдат „модус вивенди“ што ќе ги измири разликите и ќе функционира на теренот, на северот на Косово.

-За жал, пропуштена е шансата на маса да се најде поделбата на Косово, што според мене е едно од најдобрите решенија од оваа пат-позиција, рече поранешниот координатор на пактот за стабилност во Југоисточна Европа.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски