Букурешт бара европска перспектива за Молдавија, Грузија и Украина

Од:

На претстојниот самит на Источното партнерство во Рига, ЕУ треба на Молдавија, Грузија и Украина да им понуди „реална можност“ за членство во Унијата, изјави денеска романскиот министер за надворешни работи Богдан Ауреску.

– Семтаме дека треба да се направи повеќе. бидејќи потпишувањето на договори за асоцијација не трба да биде крајната цел на земјите од Источното партнертсво. Неопходно е да се отиде чекот понатаму. На Молдавија, Грузија и Украина им е особено потребно да им биде дадено до занење дека во перспектива можат да претендираат за членство во ЕУ, изјави Ауреску.

Како што јави ТАСС, Ауреску сепака призна дека во завршната декларација за самитот во Рига, која во голема мерка е усогласена, не се споменува можноста за европска перстапкитува на земјите од Источното партнерство.

– Не е нормално од овие земји да се бара да вложат големи напори од различен карактер, баз да им биде поставена јасна цел, рече Ауреску, додавајќи дека Романија се залага овие три држави да добијат јасна европска перспектива.

Молдавија лани најави дека на средбата во Рига ќе достави официјално барање за членство во ЕУ, но по формирањето на новата Влада во февруари годинва, шефот на молдавската дипломатија Наталија Герман изјави дека во сегашните меѓународни услови Кишињев нема да аплицира за прием во Унијата.

Источното партнерство е програма на ЕУ за развој на регионалната соработка со шест поранешни советски републики – Азербејџан, Белорусија, Ерменија, Грузија, Молдавија и Украина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он