Бугарското Собрание ја избра Владата на Борисов

Од:

Бугарското Народно Собрание демеска го избра составот на Владата предложена од лидерот на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов.

Како што јави БТА, за изборот на Владата на Борисов гласаа 144 пратеници, 83 беа против, а еден се воздржа од гласање. За избор на Владата беа потребни најмалку 121 глас.

Владиниот кабинет доби поддршка од пратениците на ГЕРБ, Рефоматорскиот блок (РБ), Патриотскиот фронт (ПФ) и на партијата Алтернатива за бугарска преродба (АБВ). Против гласаа пратениците од коалицијата на Бугарската социјалиситчка партија (БСП), од Движењето за права и слободи (ДПС), Бугарскиот демократски центар и партијата Атака. Воздржан беше еден пратеник на ПФ.

Во Владата има четири заменици на Борисов – Румјана Бачварова задолежна за коалициска политика и државна администрација, Меглена Кунева за европска политика и институционална прашања, Томислав Дончев за еврофондовите и економска политика и Ивајло Калфин, кој е вице-премиер за демографска и социјална политика и министер за труд и социјална политика.

Нов шеф на бугарската диплоамтија е Даниел Митов, министер за одбрана е Николај Нечев, за внатрешни работи Веселин Вучков, за финансии Владислав Горабов и за економија Божидар Лукарски.

Христо Иванов е нов бугарски министер за правда, Теменужка Петкова за енергетика, Николина Ангелкова за туризам, Десислава Танева за земјоделство и Ивелина Василева за животна средина и води.

Министер за регионален развој и урбанизам е Лилјана Павлова, за транспорт, инфромациски технологии и комуникации – Ивајло Московски, за здравство – Петар Москов, за образование Тодор Танев, за култура Вежди Рашидов и за млади и спорт Красен Кралев.

По изборот членовите на Владата на Борисов положија заклетва пред пратениците.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална