Амбасадорите на Руската Федерација Елеонора Митрофанова и Никита Лешуков в.д амбасадор на Белорусија во Бугарија нема да бидат поканети на првата седница на 48. Народно собрание, соопшти прес-центарот на бугарскиот парламент.
Мнозинството политички сили во бугарскиот парламент го поддржаа предлогот на „Демократска Бугарија“ амбасадорите на Русија и Белорусија да не бидат поканети на свеченото отворање на новоизбраното Народно собрание, јави дописникот на МИА од Софија.
Состанокот на парламентарните сили во бугарскиот парламент беше на иницијатива на „Демократска Бугарија“. Поддршката за барањето на Демократска Бугарија ја поддржаа ГЕРБ-СДС, ДПС и „Продолжуваме со промените“
„БСП за Бугарија“ и „Преродба“ биле против.
Лидерот на најголемата политичка сила во Националното собрание, Бојко Борисов, изјави дека ГЕРБ нема да влезе во Народното собрание на првата седница на 19 октомври доколку руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова, е таму. ГЕРБ-СДС предложи претседателот на Украина Володимир Зеленски да биде поканет да има видео обраќање во живо пред народните избраници за време на првата седница на новиот состав на бугарското Народно собрание.
Извор:МИА