Бугарскиот јавен обвинител побарал одземање на лиценцата на „ЧЕЗ“ поради прекршување на правилата за работа

Од:

Бугарскиот јавен обвинител Сотир Цацаров побарал одземање на лиценцата за работа на чешката енергетска компанија „ЧЕЗ“ со образложение дека контролата покажала „масовно кршење“ на правилата, информираа чешките медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, „ЧЕЗ“ во последните неколку недели беше една една од целите на незадоволството на јавноста предизвикани од високите цени на струјата.

Поради немирите, минатиот месец бугарската Влада поднесе оставка. Премиерот во заминување Бојко Борисов уште пред да ја поднесе оставката најави дека на „ЧЕЗ“ ќе и биде одземена лиценцата, по што Регулаторниот орган во земјата ја почна контролната постапка.

Според претставници на Регулаторниот орган до повлекување на дозволата за работа „може да дојде во ситуација кога парите за инвестирање се трошеле за други намени“. Раководството на „ЧЕЗ“ соопшти дека проблемот е исполитизиран поради претстојните парламентарни избори во Бугарија, а во врска со високите сметки за струја на кои се жалат бугарските граѓани, даде прозаично објаснување. Граѓаните повеќе се грееле поради екстремно студеното време во декември, наспроти ноември кога било потопло. Исто така, споредено со претходната година, во декември 2012 било постудено.

Компанијата, негираше дека електричната енергија во Бугарија е драстично зголемена и најави жалба до европските и бугарските органи откако ќе добие официјални документи.

Претходно на „ЧЕЗ“ и беше одземена лиценцата за стопанисување со енергетскиот систем во Албанија поради „непридржување кон догоорот со албанската Влада“.

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени