Бугарски воен брод за научни истражувања отплови од Варна кон Антарктикот

Од:

Првиот бугарски воен брод за научни истражувања „Св. Свети Кирил и Методиј“ отплови од Варна кон Антарктикот.

Свеченоста за неговото испраќање беше на Поморската станица, јави дописникот на МИА од Софија. Предводник на 31-та бугарска експедиција на Антарктикот е проф. Христо Пимпирев.

Нејзините учесници ќе спроведат серија проекти на островот Ливингстон, каде што се наоѓа бугарската база на Антарктикот. Меѓу нивните задачи ќе биде да го истражат дното околу островот и присуството на флора и фауна во нив. Бугарските истражувачи ќе продолжат да ја истражуваат земјата за наоѓалишта на минерали.

Капетан на бродот е Николај Данаилов, а екипажот го сочинуваат 26 лица, меѓу кои има и тројца кадети од Вишата поморска школа во Варна. Патувањето ќе биде околу 130 дена, а 40 дена ќе бидат потребни за да се стигне до островот Ливингстон. Работата на експедицијата ќе ја следат тројца новинари од бугарските медиуми. Бродот „Св. Кирил и Методиј“ е во сопственост на конзорциум чии членови се Вишата поморска школа на Бугарија, Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“ и Бугарскиот антарктички институт.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме