Бугарски камиони ги блокираа сите гранични премини кон Грција

Од:

Бугарски возачи на камиони ги блокираа денеска сите шест контролни пунктови на границата со Грција во знак на протест поради повеќенеделните блокади од грчките фармери.

На граничните премини долги се редовите на камиони и автомобили, а само на пешаци им е дозволено да ја преминат границата. Синдикатите на бугарските камионџии се бесни поради протестите на грчките земјоделци кои предизвикаа блокади на премините за товарни камиони, го нарушија одвивањето на сообраќајот и нанесоа огромни загуби на компании.

Тие порачаа дека ќе продолжат со блокадата се додека грчките земјоделци не ги тргнат своите камиони и ослободат патишта кон Бугарија.

Бугарскиот парламент издаде специјална декларација во која се  апелира на ЕУ да покрене прекршочна постапка против Грција заради кршење на европски закони за слобода на движење на стоките. 

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Дијана (27) загина во автомобилот со соседот и трите деца: Очевидци ги опишаа деталите за страшната сообраќајка кај Ушче

Предраг Петровиќ

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ