Бугарската православна црква ќе утврдува кандидати за нов патријарх

Од:

Светиот сионод на Бугарската парвославна црква денеска и утре ќе одржи заседание на кое треба да бидат утврдени тројцата кандидати за нејзин нов поглавар, јави БТА.

Изборот на нов бугарски патријарх ќе се одржи на 24 февруари за кога е закажано заседание на Патријархискиот изборен собир, кого го сочинуваат 142 делегати.

Согласно уставот на БПЦ, Синодот утврдува тројца кандидати од кои во рок од една недела треба да биде избран новиот патријарх.

Од 14-те актуелни митрополити на БПЦ во изборот за тројцата кандидати за патријарх ќе бидат 12, додека останатите двајца владици, според Уставот, не можат да конкурираат за оваа должност, бидејќи едниот е помлад од 50 години, а другиот управува со неговата епархија помалку од пет години.

За да биде кандидат за патријарх, еден митрополит треба да добие поддшка на најмалку 10 членови на Синодот при тајно гласање. Четворица митрополите доставиле писма до Синодот во кои изјавуваат дека не сакаат да бидат кандидати за патријарх.

Новиот патријарх треба да го наследи петријархот Максим, кој почина во ноември минатата година на 98-годишна возраст.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме