Бугарската политичка партија „Промените продолжуваат“ го предложи Николај Денков за кандидат за премиер

Од:

Николај Денков е кандидатот за премиер на бугарската политичка партија „Промените продолжуваат“, најави копретседателот на партијата Кирил Петков на брифинг во Парламентот.

Актуелниот пратеник од формацијата и поранешен министер за образование и наука се очекува да ја прифати понудата со вториот мандат од шефот на државата Румен Радев. „Промените продолжуваат“ веќе изразија подготвеност да се обидат да ја имплементираат заедно со „Демократска Бугарија“.

„Ја прифатив оваа номинација со идејата дека треба да бараме договор за најважните теми за бугарското општество. Треба да изградиме редовна влада и парламент што ќе работи за народот“, рече кандидатот за премиер. Тој најави дека почнуваат разговори со сите политички сили, а официјалната покана ќе ја испратат утре. Денков демантираше дека некогаш бил кадар на ГЕРБ и нагласи дека како експерт бил министер во преодна влада.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме