Бугарската министерка за надворешни работи предупредува на застој во евроинтеграцијата на Македонија

Од:

Бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова ја искористи својата прва средба со министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски, во Брисел за да укаже на застојот во европската интеграција на официјално Скопје.

Таа нагласи дека условите за пристапување во ЕУ повеќе не се билатерален спор со Бугарија, туку дел од официјалната рамка на Европската Унија, објави денес порталот Novinite.com.

Петрова-Чамова рече дека ставот на Бугарија останал непроменет од 2022 година, кога Македонија го прифатила Францускиот предлог одобрен од сите земји-членки на ЕУ.

– Ова повеќе не е билатерално прашање. Тоа е прашање меѓу Европската Унија и земјата кандидат, рече бугарската министерка за надворешни работи, додавајќи дека Софија очекува конкретни активности од Скопје што ќе ја покажат политичката волја да се продолжи по европскиот пат.

Таа предупреди дека сегашниот моментум за проширување на ЕУ можеби нема да остане отворен на неодредено време.

„Земји како Црна Гора и Албанија остваруваат сериозен напредок. Македонија во моментов има единствена можност, но ако не ја искористи таа можност во наредните години, може да ја изгуби“, заклучи Петрова-Чамова.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Безбедноста на Црното Море е безбедност на цела Европа

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

ВИДЕО: Страотен верижен судар во Бугарија, 12 загинати

Катерина Ѓуровски

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ