Бугарската десничарска партија не успеа да формира влада

Од:

Мандатарот за формирање бугарска влада Росен Жељазков од централно-десничарската партија ГЕРБ денеска не успеа да обезбеди поддршка во парламентот, што ја пролонгира политичката пауза во таа земја.

Бугарија е најсиромашната членка на Европската Унија и една од нејзините најкорумпирани земји. Земјата е зафатена од проблеми со ротирачките влади откако антикорупциските протести во 2020 година придонесоа за колапс на коалицијата предводена од ГЕРБ.

Претседателот Румен Радев во понеделникот му даде мандат на Жељазков да формира нова влада по нови неубедливи парламентарни избори минатиот месец – шести во последните три години – но на ГЕРБ ѝ требаше поддршка од најмалку уште две партии за да ја обезбеди поддршката од 240-члениот парламент.

Предлогот на Жезљазков за малцинска влада денеска во рамки на гласањето го поддржаа 98 пратеници, а против гласаа 138. Ваквиот исход од гласањето ги зголемува шансите да се одржат нови избори во Бугарија.

Се очекува во наредните денови Радев да го додели мандатот за формирање влада на друга партија, но и тој потег тешко дека ќе успее.

На Бугарија и треба период на стабилна и добро функционална влада за да го забрза протокот на средства од ЕУ во дефицитарната инфраструктура на земјата, како и да ја придвижи земјата кон пристапување во еврозоната и целосно учество во отворената европска Шенген зона.

Плановите за влез на земјата во еврозоната веќе двапати беа одложувани поради неисполнети цели во услови на инфлација.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме