Бугарија денеска соопшти дека ќе ја продолжи оградата од бодликава жица по должината на својата граница со Турција за дополнителни 130 километри во обид да спречи влез на се поголем број бегалци, главно од Сирија.
Меѓутоа, Агенцијата на ОН за бегалци, ја критикуваше најавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов, истакнувајќи дека тоа ќе загрози повеќе животи и ќе ја зголеми улогата на трговците со луѓе.
Над 18.000 бегалци, главно од Сирија, во која беснее граѓанска војна, ја преминале границата од Турција, за да побараат азил во Бугарија во изминатите две години, зголемувајќи го притисокот на најсиромашната членка на ЕУ, според податоците на Министерството за внатрешни работи.
Бодликавата ограда, по должина од 33 километри, изградена е минатата година по должинаа од 240 км долгата југоисточна бугарска граница со Турција.