Бугарија подготвена да даде дозвола за „Јужен поток“

Од:

Бугарија е подготвена да ги издаде сите потребни дозволи за изградба на „Јужен поток“ како и да продолжи со реализација на проектот, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов, а пренесуваат дел од бугарските медиуми.

-Нашата земја треба да ги исполни своите обврски во поглед на подготвка за изградбата, посебно на морската делница на гасоводот и да ги издаде сите потребни дозволи, рече Бојко Борисов по консултациите со европските колеги на маргините на самитот на ЕУ, кој претходниот ден беше одржен во Брисел.
Според него, таков совет му дале колегите на самитот.

-Добив полна поддршка и разбирање од Европскиот совет во смисла дека Бугарија не треба да биде виновникот и да плаќа казни поради неговото стопирање, рече Борисов.

-На моето прашње за „Јужен поток“ ми беше кажано: „Исполнете ги меѓувладините договори за да избегнете судски процеси а подоцна и евентуалн казнени санкции“, пренесе Борисов.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална