Бугарија од денеска го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива

Од:

Бугарија од денеска го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива за период од една година, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата на својата веб-страница.

Приоритетите на бугарското претседателство се поврзани со социо-економските последици од Ковид-19, подобрувањето на поврзаноста, младите и соработката меѓу локалните власти. За реализација на приоритетите во 2022 година ќе се одржат настани на високо и експертско ниво, како и средби на шефови на влади и министри за надворешни работи на земјите членки.

Централноевропската иницијатива е основана во Будимпешта во 1989 година, а седиштето е во Трст. Вклучува 18 земји-членки со површина од 2,4 милиони квадратни километри и население од речиси 250 милиони луѓе. ЦЕИ е првиот регионален форум на политичката карта на Централна, Источна и Југоисточна Европа, има најдолга историја и најголема територија меѓу сите регионални организации, процеси и иницијативи.

Би можело да ве интересира

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија