Бугарија не добила барање за распоредување американски сили на нејзина територија

Од:

Бугарија досега не добила официјално барање од САД за распоредување на американски сили и воена техника на нејзина територија, соопшти денеска бугарското Министерство за одбрана.

Соопштението на Министерството следува по изјавата на командантот на американските вооружени сили во Европа, генерал Бен Хоџис дека САД планираат да распоредат свои трупи во Источна Европа.

Хоџис изјави дека американската армија планира да распореди околу 150 тенкови и оклопни возила во неколку земји-членки на НАТО за учество во воени вежби, во рамки на операцијата „Атлантска решителност“, чија цел е смирување на балтичките земји и Полска, кои се вознемирени поради активностите на Русија во Украина.

– Изјавата на командантот на американските вооружени сили во Европа е потврда за концептот на САД за регионално распоредување на единици на копнената војска во земји од Источна Европа врз ротациски принцип, како и за интензивирање на соработката во областа на заедничките подготовки, обуки и вежби, се наведува во соопштението на бугарското Министерство.

Бугарија и САД во 2006 година потпишаа договор врз основа на кој секоја година на бугарска територија се одржуваат заеднички воени вежби на армиите на двете земји.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална