Бугарија ќе екстрадира тинејџер осомничен за тероризам

Од:

Бугарски суд побара денеска три лица осомничени за тероризам, меѓу кои и едно 15-годишно момче, да и бидат предадени на Шпанија, јавија локалните медиуми.

Трите лица, еден Бразилец и двајца Мароканци, наводно тргнале да им се придружат на џихадисти во Сирија кога кон средината на минатиот месец се приведени на бугарско-турскиот граничен премин Капитан Андреево врз основа на меѓународна потерница.

При апсењето не беа објавени нивните имиња, но денеска суд во Хасково соопшти дека се работи за Кајке Гимараеш од Бразил и Мароканците Мохамед Ел Гарбиу и Таоуфику Мухучу. Сите тројца имаат постојан престој во Шпанија, и се на возраст од 15, 18 и 27 години.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална