Бугарија ја напушти руски дипломат обвинет за шпионажа

Од:

Вториот од двајцата руски дипломати, кои Бугарија ги прогласи за персона нон грата под обвинение за шпионажа на 23 март, ја напушти државата, соопшти денеска руската Амбасада во Софија.

„Втор руски дипломат, на кого претходно му беше дијагностицирана инфекција со коронавирус се опорави и ја напушти територијата на Бугарија денеска“, наведе портпаролот на амбасадата.

На 23 март, бугарското Министерство за надворешни работи прогласи двајца дипломати во руската амбасада во Софија за персона нон грата и им даде 72 часа да ја напуштат земјата поради активности, наводно, неспоиви со нивниот дипломатски статус.

Руската амбасада соопшти дека „ја смета одлуката на бугарската страна за неоснована“.

Би можело да ве интересира

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Лавров: Русија е подготвена да ги брани своите интереси на Арктикот

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Песков: Изјавите на Столтенберг за реакцијата на Русија се кратковидни и наметливи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовен напад со дронови врз Русија: Гори магацин за оружје, во тек е евакуација

Горан Наумовски