Бугарија, Грција и Романија ќе градат регионална инфраструктура за природен гас

Од:

Бугарија, Грција и Романија денеска во Брисел потпишаа договор за соработка во развојот на регионална инфраструктура за природен гас.

Договорот го потпишаа министрите за енергетика на трите земји.

Во февруари 2011 година Европскиот совет одлучи дека секоја земја-членка на Унијата треба да има најмалку два извора на природен гас и електрична енергија до 2014 година, како противтежа на евентуалниот прекин на испораките од Русија.

Романија се уште нема врска со гасната мрежа на Бугарија, иако повеќе години постои проект за изградба на гасовод меѓу Ѓургево и Русе. Гасоводот, чија вредност изнесува околу 24 милиони евра, треба да биде завршен до 2016 година.

Романскиот гасоводен систем е поврзан со оној на Унгарија и Молдавија, но при евентуален прекин на увозот од Русија, не ќе може да се компензира преку нив, бидејќи од Унгарија се внесуваат незначителни количества на гас, а гасоводот со Молдавија е наменет за извоз.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална