Будва: Ученици затруени од хотелска храна

Од:

Единаесет ученици од основно училиште од Подгорица завршија во службата за итна медицинска помош, поради труење со храна во будванскиот хотел Парк.

Едно од нив е префрлено во болница, во Подгорица и неговата здравствена состојба е стабилна.

Учениците кои биле во Будва на рекреативна настава се жалеле на стомачни проблеми.

Од надлежните институции и хотелот неведоа дека причината за труењето ќе се открие откако Институтот за јвно здравје ќе ги направи потребните анализи во кујната и објектот во кој се чувала храната.

Според директорката на училиштето Мирјана Башковиќ децата се добро и за нив се грижат воспитувачите и лекарите од агенцијата преку која е договорен аранжманот за настава во природа.

Во хотелот Парк претстојувале вкупно 250 ученици од второ, трето и четврто одделение. По инцидентот десетина родители си ги зеле децата дома.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“